|
Nav4All Worldwide Mobile Phone Navigation and Tracking & Tracing ПРИТИСНИ Информација за медиумитеНавигациони системи создадени од предизвиците на новајлиите. Во моментов комплетно бесплатно... Пазарот за навигациони техники постојано се менува. Прво, скапите он-борд системи беа тие што беа следени, потоа на пазарот избувна холандскиот TomTom со поекономичен, подвижен уред. TomTom многу брзо стана омилен кај широка публика на инвеститори. По неговото воведување на пазарот, вредноста на компанијата енормно се зголеми. А сега не само TomTom, кој е регистриран на берза, туку и сите други понудувачи на навигациони системи беа изненадени од навигационен систем, кој е многу подобар, поекономичен и, во моментов, дури и комплетно бесплатен: Nav4all. Навигација со употреба на мобилен телефон. Стратегијата на Nav4all е со невидена едноставност досега: не е потребен хардвер, освен мобилен телефон и ГПС приемник. Овој систем претставува персонификација на едноставноста. Корисникот избира дестинација, употребувајќи го својот мобилен телефон. Потоа мобилниот телефон контактира со централниот компјутер, кој ја утврдува рутата во рок од неколку секунди и ја испраќа на мобилниот телефон. Така, патникот со задоволство може да се движи по својот пат. Единствените работи што му се потребни на модерниот навигатор, се мобилен телефон и ГПС приемник, кои заедно не тежат повеќе од 150 грама. А за останатото: новиот систем е со надмоќна едноставност: рутата не е опишана со употреба на детални мапи, туку една стрелка едноставно покажува кон право, кон лево и врши предсортирање на пат со повеќе ленти (повторно, нешто што недостасува кај многу системи) Полукруг на лентата ви покажува дека поминувате на кружен тек и продолжувате право. Инструкциите се толку едноставни за да не им се одзема внимание на возачите. Колку се инструкциите поедноставни и еднозначни, толку подобра е нивната видливост. И уште повеќе: секој сомнеж и несигурност што би можеле да го имате за рутата што следи, исчезнува како снег во лето, бидејќи инструкциите што ние ги даваме, се многу јасни и лесни за следење. Затоа се изоставени сите непотребни информации. Ако имате излез на оддалеченост од 30 километри, тогаш системот нема да ви каже дека стигнувате до излез, туку едноставно мирно ќе ви посочи кон напред… За луѓе, кои не сакаат да гледаат на екран, туку порадо сакаат да добиваат говорни пораки, , Nav4all го има во вкупно 55 јазици и во повеќе од 100 различни гласови. И тука беше применета истата тактика. Изоставени се сите непотребени информации, системот го дава само тоа што е релевантно. Чиста едноставност. Без трошоци, без ограничувања… Најпознатите навигациони системи се врзани за релативно скап хардвер и нивните годишни претплати за рутинг-сервиси се мошне скапи. А со тоа на корисникот му се дава само ограниче радиус на работење. Новиот предизвикувач на востановениот навигациски поредок ги нема овие недостатоци, бидејќи најголем број луѓе имаат сопствен мобилен телефон. ГПС приемникот претставува уред што има свои предности и што може лесно да се добие, додека трошоците за претплата нема да се наплаќаат до 01-01-2010. Очекувањата се дека трошоците за претплата по тој период ќе варираат $0.50 до не повеќе од неколку долари месечно за речиси глобално навигациско покривање. Исто така, една од можностите е бесплатна претплата. Ажурирање на постојни системи. Корисници на TomTom, Wayfinder, Route 66, Activepilot, Co-pilot и сите други видови на навигациони системи лесно можат да уживаат во можностите што ги нуди новиот навигациски оператор. Хардверот на другите оператори може да послужи како Bluetooth ГПС приемник за новиот систем. Со употреба на Nav4all софтверот, корисниците на ‘стари‘ системи не само што добиваат бесплатни ажурирања на информации за рути, туку на располагање практично добиваат глобален радиус на работење. Не се продава во продавници. Nav4all не се продава во продавници, што има смисла бидејќи тој воопшто не чини пари… Овој нов навигациски сервис може да биде бесплатно симнат од интернет или со СМС примен од друг корисник. Единствено нешто што се бара за возврат од корисниците, е да се регистрираат, а потоа мобилниот телефон ја игра главната улога. Мистерија. Nav4all е холандска иницијатива. Не е ни чудо, бидекјќи како еден од првите народи што пловат, Холанѓаните биле во можност да ја разоткриваат мистеријата на секогаш променливиот хоризонт. Тие ја развија уметноста на навигација и знаеја како да го доведат до перфекција. Затоа и не е случајност што двете компании, кои испорачуваат картографски информации низ целиот свет, на кои функционираат навигационите системи, имаат свои корени во Холандија: TeleAtlas и NAVTEQ, последната основана од холандската компанија, Philips. Nav4all ја користи NAVTEQ технологијата на мапи. |
CONTACT |
ПРИТИСНИ |
ПРОФЕСИОНАЛНА УПОТРЕБА |
ВЕСТИ
PHONES | GPRS |
ИЗЈАВА ЗА ДОВЕРЛИВОСТ
|
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | TERMS OF DELIVERY | ABOUT US
© 2008 Nav4All B.V. All rights reserved. | www.nav4all.com